на официјалната web страница на МНЗА Институт за дефектологија, Филозофски факултет
бул. Крсте Мисирков, б.б., 1000 Скопје
тел. +389-2-3116-520 (л.234);
факс. +389-2-3118-143
E-mail: president@mssa.org.mk
Македонското научно здружение за аутизам е здружение на граѓани-дефектолози, психијатри, доктори по медицина, имунолози, алерголози и други стручни и научни дисциплини, формирано со слободно здружување на граѓаните, заради остварување и усогласување на своите интереси и заради вршење на дејности и активности со цел за подобрување на истражувањето и третманот на лицата со аутизам во Република Македонија.
Цели
Македонското научно здружение за аутизам остварува поширок заеднички интерес и посебни цели и задачи:
примарна превенција на лицата со аутизам;
истражување механизмите кои се поврзани со аутизмот;
истражување ефектите од рехабилитација на лица со аутизам;
третирање на лица со аутизам;
соработка со родителите на деца со аутизам;
координација на владини и невладини организации кои се бават со аутизам.
Регистрација
Македонското научно здружение за аутизам е заведено во Централниот регистар на Република Македонија, врз основа на член 5 став 1, член 19 и член 72 од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговски регистар и регистар на други правни лица, (Сл Весник 84/05) на ден 25.12.2006 ги пренесе податоците од основниот регистар во Регистарот на други правни лица. Број на регистарска влошка: 01/ЗГ.1070/2000. Матичен број: 05439060. Единствен даночен број: 4030000389464.
Банка
ЗПП - Скопје жиро сметка 300000000434305. Банка депонент Комерцијална банка, Кеј Димитар Влахов 4, 1000 Скопје. Тел.: 02-3112-077